Неексплодирана граната пронајдена во Бедиње

23.02.2024 22:07 | KumanovoNews

 Стара минофрлачка граната калибар 120 мм, вчера била пронајдена во населбата Бедиње.

Неексплодирана граната пронајдена во Бедиње

„Ш.Б.(55) од с.Отља, општина Липково, пријавил дека во населба Бедиње во Куманово, при извршување работни задачи со работна машина на пат, пронашол граната. Пиротехничар од Дирекцијата заштита и спасување ја подигнал гранатата и констатирал дека се работи за корозирана минофрлачка граната калибар 120 мм. Увид извршила екипа од СВР Куманово“, соопшти МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk