Неексплодирана граната пронајдена во Черкеско село

19.10.2024 10:31 | KumanovoNews

Во полицијата било пријавено дека неексплодирана граната е пронајдена во селото Черкезе.

 

Неексплодирана граната пронајдена во Черкеско село

„На 16 октомври  во 15.53 часот во СВР Куманово, К.А. (48) пријавил дека во село Черкезе, кумановско, пронашол граната. Пиротехничар од Дирекцијата заштита и спасување ја подигнал гранатата и констатирал дека се работи за неексплодирана артилериска граната од Втората светска војна со калибар од 75 мм.“, соопштуваат од полицијата.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk