Негувателка од кумановска градинка позитивна на коронавирус

21.09.2020 15:08 | KumanovoNews

 Негувателка во детската градинка „Ангел Шајче“ во Куманово е позитивна на коронавирус. Директорката Марина Алексовска вели дека вработената во петокот не дошла на работа затоа што имала здравствени проблеми со симптоми кои не се типични за ковид-19, но откако се тестирала излегла позитивна.

Негувателка од кумановска градинка позитивна на коронавирус

- Веднаш постапивме по алгоритамот во вакви ситуации и го пријавивме случајот во Центарот за јавно здравје во Куманово. Тие телефонски стапиле во контакт со родителите и врз основа на сознанијата донеле одлука дека во моментот нема потреба од затворање на групата, односно да не се стават во изолација децата и вработените, затоа што се преземени сите безбедносни мерки за заштита од ковид-19 во градинката, - изјави Алексовска.

Таа тврди дека вработените строго ги почитуваат протоколите за работа и носат заштитна опрема, маска и визири, држат физичка дистанца, немаат контакт меѓу вработените и родителите, ниту пак се мешаат децата и вработените во другите групи, а редовно се дезинфицираат занималните по заминување на децата.

Алексовска додава дека тие ја следат состојбата и понатаму и ќе постапуваат како што налага ситуацијата, а покрај Центарот за јавно здравје, за новонастаната состојба се известени Министерството за труд и социјална политика и локалната самоуправа Куманово. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk