Неисправна водата за пиење во Челопек

05.02.2015 09:38 | KumanovoNews

Водата од водоводот во селото Челопек не е исправна за пиење.

Неисправна водата за пиење во Челопек

 Ова го покажала анализата на вода што ја направиле во Центарот за јавно здравје Куманово, по неодамнешните поплави.

“Во Старо Нагоричане земена е вода од локалниот водовод и трите јавни чешми во селото Челопек. Првиот примерок од водоводот не одговара поради многу висока матност и таа не е за пиење. Тоа е соопштено на населението, додека од јавните чешми водата е исправна. На 3 февруари земени се нови примероци од водоводот и сега ги чекаме резултатите да видиме какви ќе бидат“ - вели Мимоза Величковски, од Центарот за јавно здравје Куманово.

Вчера се замени мостри од водоводите во селата Клечовце, од бунари од селата Јачинце и Довезенце и утре ќе бидат готови резултатите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk