Неизвесно екстерното тестирање во кумановските училишта

26.01.2015 09:33 | KumanovoNews

Неизвесно е кога ќе започне и дали ќе се одржи екстерното тестирање на матурантите во кумановските средни училишта.

Неизвесно екстерното тестирање во кумановските училишта

 Директорите велат дека во училиштате се создадени услови за одржување на тестирањето, пристигнати се и  тестаторите, но поради малиот број на ученици, тестирањето не започна во предвидениот термин во 9.30 часот.

“Екстерното тестирање сеуште не е почнато. Дојдени се мал број на деца, иако денеска требаше да се тестираат 157 ученици, од кои 135 Македонци и 22 Албанци. Училниците се подготвени, компјутерите вклучени, но ќе почекаме да видиме дали ќе дојдат уште деца“ - вели Лидија Тасевска, директорка на “Перо Наков“.

Од Регионалниот просветен синдикат велат дека штрајкот на наставниците трае и екстерното тестирање не би требало да се спроведе.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk