Некогашен репрезент, денес ругло на градот - хотел „Кристал“ (видео)

27.04.2023 10:30 | Стефан Николиќ

Хотелот „Кристал“, од 60-те до 80-те години на минатото столетие постојано работи со полн капацитет, станува омилена дестинација на гости од сите околни градови, со музика и реномирани пеачи и секако неповторливите игранка во саботите и неделите.

Некогашен репрезент, денес ругло на градот  - хотел „Кристал“ (видео)

Познати фудбалери, спортски тренери, политичари, книжевници беа постојано гости на Куманово и се разбира и на најреномираниот угостителски преставник на градот-хотелот “Кристал”.

Драг гост на овој кумановски угостителски објект беше и бардот на македонската книжевност, Блаже Конески кој многу често доаѓаше кај своите пријатели во Куманово и тука некаде ја обликува познатата песна за градот - “Куманово”.

Куманово

Така си мислев и не се разбирам ни
самиот себеси
сега - без желба да одам во тој град,
заправо само со притаена желба за Куманово.
Не знам за што да жалам повеќе , другари,
дали што попушти мојата волја
или што попушти вашата волја.

(Извадок од песната Куманово - Блаже Конески)

Денес, останаа само спомените и руините...

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk