Неколку пожари со запалена сува трева и стрништа

05.09.2015 13:03 | KumanovoNews

Во Куманово и околината во последните 24 часа имаше неколку пожари со запалена сува трева и стрништа.

Неколку пожари со запалена сува трева и стрништа

Во близина на наплатната рампа Романовце интервенирано е на запалена  сува трева од 19.30 до 20.45 часот, со 1 возило и 3 пожарникари.

­Интервенирано е во атарот на село  Кустурник на опожарена сува трева, од 21.45  до 23.30 часот со 1  возило и 3 пожарникари.

­Од 11.35  до 13.05 часот интервенирано e во село Табановце  на опожарена сува трева со 1  возило и 3 пожарникари.

­На потегот помеѓу селата Скачковце и Орашац во место викано Бела Вода, имало  интервенција на опожарена сува трева и нискостеблеста шума. ТППЕ Куманово  делуваше со 1  возило и  3 пожарникари од 13.25 до 16 часот.

­Во село Романовце интервенирано е на сува трева и стрниште од 14.25 до 15.45 часот со 1 возило и 3 пожарникари.

­Во населбата Игор Тричковиќ  интервенирано е на опожарена сува трева  и стрниште од 14.30 до 15.45 часот со 1  возило и 3 пожарникари.

­Интервенција на опожарена сува трева имаше и на  стрниште во атарот на населба Карпош  во место викано  Ливаде. Интервенирано е  од 18.25 до 20.42 часот. Делувано е со 1 возило и 3 пожарникари.

Податоци за опожарените површни како и причините за појава на пожарите засега нема.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk