Неколку пожари во Куманово и кумановско

29.08.2015 08:18 | KumanovoNews

Во изминативе два дена имаше неколку пожари во Куманово и кумановско, информираат од Регионален центар за управување со кризи.

Неколку пожари во Куманово и кумановско

Кај Стара кланица интервенирано е на запален смет завчера од 20.30 до 20.55 часот, со 1 возило и 2 пожарникари.

­Истиот ден во село Градиште на запалена сува трева интервенирано е од 20.40 до 22.35 часот, со 1 возило и 3 пожарникари,

­На наплатна рампа кај автопат гореше сува трева, при што е интервенирано вчера од 13.40 до 15.25 часот со 1 возило 3 пожарникари.

­Во населба Карпош е интервенирано на сува трева од 17 до 18 часот, со 1 возило и 3 пожарникари.

­На Никуљски пат интервенирано е на сува трева од 19.10 до 20.05 часот, со 1 возило и 4 пожарникари.

­На Пчински пат пожари на сува трева и стрниште се изгаснати во период од 15.30 до 20.05 часот, со 2 возила и 6 пожарникари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk