Неколку села и две улици без струја

20.05.2015 15:13 | KumanovoNews

Неколку села во кумановско и липковско, како и улици во градот утре ќе бидат без напојување со електрична енергија, информираат од ЕВН.

Неколку села и две улици без струја

Од 9 до 14.30 часот струја ќе немаат граѓаните од улица “ЈНА“, а од 9 до 13 часот повремени прекини ќе има на “Народна револуција“. Од 11 до 12.30 часот струја ќе нема во село Сопот, а од 8.30 до 10.30 часот ќе нема струја во селата Табановце и Воиновиќ. Жителите на селата Ваксинце и дел од Опае, ќе бидат без струја во периодот од 8.30 до 15 часот. Овие планирани исклучувања се заради изведување на инвестициони зафати.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk