Некст тајм, Лозано, Сара Јо и Тајзи ќе пејат за 11 Ноември во Куманово

24.10.2022 13:09 | Оливера Пешевска

Општина Куманово годинава ќе организира два концерти на градскиот плоштад, по повод 11 Ноември - Денот на ослободување на Куманово. 

Некст тајм, Лозано, Сара Јо и Тајзи ќе пејат за 11 Ноември во Куманово

Првата вечер на 9 ноември ќе настапуваат дечињата од „Дајте музика“, Тајзи и Сара Јо, додека на 10 ноември во предвечерието на празникот, ќе пејат Некст тајм, Влатко Лозаноски Лозано, Алкета и Барди.

Концертите ги организира Фондацијата за култура и спорт, под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

Традицијата за одржување на вакви настани се воспостави во последните 15-тина години. Досега имаат настапувано Харис Џиновиќ, Лепа Брена, Северина, Петар Грашо, Јелена Розга, Даниеле Мартиновиќ, Тропико бенд и повеќе изведувачи од Македонија.

Некст тајм настапи и пред 3 години зедно со Џенан Лончаревиќ и Лепа Брена. Во 2020 година поради ковид кризата настанот беше откажан, а лани кумановчани ги забавуваа Ѓорѓе Давид и Ивана Петерс.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk