Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Инспекциските служби денеска ги отстраниле нелегално поставените тезги од тротоарите околу зелените пазари во градот.
Според информацијата од Општина Куманово, Комуналната инспекција, во соработка со МВР и Агенцијата за храна и ветеринарство, спровела акција за отстранување на тезгите на дивите препродавачи од јавните површини кај: Зелен Пазар, пазарот кај Октомвриска Револуција и во населбата Гоце Делчев.
Акцијата ќе продожи и во наредните денови.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk