Нема блокада за неплатени сметки

21.02.2017 18:13 | KumanovoNews

Со новиот Закон за извршување, чија примена започна од 1. јануари годинава, се прават значителни измени во поглед на извршувањето на долгови за неплатени и заборавени сметки за електрична енергија, топлинска енергија, вода, смет, телефонија, мобилни оператори, кабелски оператори, трошоци за редовно одржување на заедничките делови на зграда.

Нема блокада за неплатени сметки

Новиот закон предвидува, пред давателот на услугата да може да поведе постапка за присилна наплата на долг кој произлегува за неплатениа сметка мора до корисникот, преку надлежен извршител, да поднесе опомена – барање за вонсудска наплата на долг.

Давателот на услугата мора да поднесе опомена до корисникот за:

– сметки за вода, смет и одржување на заедничките простории во износ до 2.000 денари,

– сметки за електрична или топлинска енергија во износ до 6.000 денари,

– сметки за телефонија, мобилни оператори или кабелски оператори во износ до 2.000 денари.

Доколку износот на неплатените сметки го надминува износот од 2.000 денари, односно 6.000 денари – ако станува збор за сметка за електрична или топлинска енергија, давателот на услугата против корисникот може да поведе постапка за присилна наплата без претходно да се испрати опомена до корисникот.

   (Извор: advokat.org.mk)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk