Нема да се продолжи учебната година за средните училишта, ќе заврши на 10 јуни

10.05.2022 21:34 | Сузана Николиќ

Учебната година во средните училишта ќе заврши на 10 јуни и нема да се продолжи, одлучи Владата на денешната седница. 

Нема да се продолжи учебната година за средните училишта, ќе заврши на 10 јуни

Според Одлуката за утврдување на бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во средните училишта, се утврдува дека има 146 наставни денови во тековната учебна година во средните училишта, односно дека ќе нема продолжување.

На денешната седница Владата одлучи и да престане ограничување на извозот на масло од сончоглед, согласно состојбата според која тековното домашно производство на масло од сончоглед редовно го снабдува домашниот пазар и нема потреба да се создаваат вишоци, односно залихи.

Денеска Владата ги задолжи Министерството за здравство и Министерството за финансии да ги обезбедат неопходните средства за антиретровирусната терапија како составен дел од Програмата за заштита на населението од ХИВ инфекција за 2022.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk