Нема гужви на Табановце

06.06.2014 06:58 | KumanovoNews

Нема гужви и подолги задржувања на граничен премин Табановце поради продолжениот викенд, потврдуваат од Авто мото сојузот на Македонија.

Нема гужви на Табановце

За влез и излез од државата возилата чекаат по 15 минути, време потребно за обавување на редовните процедури.

   - Нема поголема фреквенција на патници од Србија кон Грција. Истиот период лани имаше повеќе туристи кои заминуваа на одмор кај јужниот сосед. Поголема гужва очекуваме во шпицот на сезоната кога и гастарбајтерите ќе се упатат кон Македонија, а тоа обично е по завршувањето на учебната година - велат од АМСМ.

Тие објаснуваат дека деновиве најфреквентен е граничниот премин Богородица.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk