Нема интерес за органско производство во кумановско

13.11.2014 09:43 | KumanovoNews

Во кумановско само неколку земјоделци се занимаваат со органско производство на храна.

Нема интерес за органско производство во кумановско

Се работи за неколку пчелари и земјоделци од Старо Нагоричане, кои одгледуваат лековити билки.

“Луѓето се запознаени со органското производство,но интересот во кумановско е мал. Проблем е цената, пласманот, климатските промени. За да продаваат органски производи, земјоделците мора да имаат регистрирано фирма, да користат органски заштитни средства. Поради овие причини не можат фармерите на големи површини да произведуваат органска храна или произведуваат само за свои потреби“ - вели Живка Наумова, раководител на Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството Куманово.

Општо познато е дека органската храна е здрава, бидејќи не се третира со пестициди.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk