Нема место на инфективното одделение во Куманово, во Скопје ќе се носат новозаболените пациенти

08.10.2020 18:24 | KumanovoNews

Нема места за прием на нови пациенти со ковид -19 на инфективното одделение во Општата болница во Куманово, кажа министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Нема место на инфективното одделение во Куманово, во Скопје ќе се носат новозаболените пациенти

Пациентите кои имаат потреба од болничко лекување ќе се препраќаат во Скопје, и прво ќе се носат на Инфективната клиника и во монтажната болница.

 - Во сите одделенија во државата има значаен број на пациенти, некаде капацитетот целосно е исполнет и пациентите се праќаат во Скопје по предходен договор. Таков е случајот со Куманово, - изјави Филипче.

Инфективното одделение има капацитет да прими 18 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 207, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk