Нема новозаболени и починати, само оздравени од коронавирус во Куманово

27.06.2021 12:28 | KumanovoNews

Во Центарот за јавно здравеј во Куманово, нема регистрирани новозаболени и починати лица од ковид-19. Четворица пациенти се оздравени, а активни се 24 случаи.

Нема новозаболени и починати, само оздравени од коронавирус во Куманово

На ниво на државата во последните 24 часа направени се 2.514 тестирања, а регистрирани се 4 нови случаи на ковид-19. Од  Тројца се од Скопје и еден од Битола.

Регистрирани се 11 оздравени пациенти од: Куманово - 4, Скопје – 3 и Крива Паланка, Струга, Гевгелија и Радовиш – по 1.

Не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 872.894 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.673, бројката на оздравени пациенти е 149.961, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 228.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68659, Активни 88

Куманово 8882, Активни 24

Прилеп 8327, Активни 18

Тетово 7248, Активни 22.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk