Нема новозаболени од шуга на Табановце

17.03.2016 11:53 | KumanovoNews

 Нема нови случаи на заболени од шуга меѓу бегалците во транзитниот центар Табановце, - потврдуваат од Центарот за јавно здравје Куманово.

Нема новозаболени од шуга на Табановце

Шестте заболени лица од шуга и две од варичела остануваат  под лекарски надзор со сосдветна терапија, сместени во посебен објект. Заболените се на возраст од една до 34 години и сите се во добра општа здравствена состојба.

Со оглед на тоа дека е долга инкубацијата на овие болести тие се добиени во текот на патувањето а се развиле во кампот. Бидејќи  шугата е инфективно- паразитарно контактно заболување, и покрај сите мерки претпоставуваме дека ќе дојде до појава на нови случаи, меѓутоа сето тоа е под контрола, - вели др. Јадранка Стаменковска, епидемиолог во Центарот за јавно здравје Куманово.

Центарот за јавно здравје врши дезинфекција на кампот два пати во текот на денот и ги презема сите превентивни мерки за засилена хигиенизација и зачестено отстранување на комуналниот отпад. Покрај заболените третирани се и нивните роднин.

Лекарите тврдат дека нема опасност шугата да се пренесе во Куманово, бидејќи голем дел на граѓани работата во Транзитниот центар Табановце.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk