Нема опасност од излевање на браните Липково и Глажња

03.12.2014 13:12 | KumanovoNews

Не постои ризик од излевање на браните Липково и Глажња, потврдува директорот на Водостопанство Кумановско - липковско поле, Филип Филиповски.

Нема опасност од излевање на браните Липково и Глажња

“Во овој момент Липково и Глажња не претставуваат опасност за поплави од испуштање на водите од акумулациите.  Водостопанство презема секојдневно активности во согласност со своите ингеренции и обврски, континуирано врши превентивно регулирање на нивото на водостојот во акумулациите. Апелирам до општината, да ги исчисти реките кои се во нивна надлежност, за да не се повтори проблемот кој постои 15 години наназад, а тоа е излевање на реките во градските средини.“- кажа Филиповски.

Директорот Филиповски, како најголем сојузник на поплавите го смета стеснетото речно корито од дивоградби и натрупаниот отпад во самите реки, кои го фрлаат граѓаните а никој не ги чисти.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk