Нема опасност од поплави во кумановско

08.08.2016 11:09 | KumanovoNews

Нема опасност од поплави на територијата на општина Куманово.

Нема опасност од поплави во кумановско

Ова го тврди претседателот на Општинскиот штаб за заштита и спасување (ОШЗС) Живко Насковски на денешната вонредна седница на Советот на општината Куманово, каде информираше за состојбата на терен по врнежите во текот на ноќта.

 „Општинскиот штаб ја следи состојбата на терен. Преземнени се сите мерки и направен е увид. Од она што го имаме како информација не постои опасност од излевање на реките, бидејќи коритата се исчистени во есенската и пролетна акција. Има мало покачување на водостојот на реките, но тоа е незначително, браните се во стабилна состојба и има простор уште да примат вода. Во текот на ноќта немаме ниту една пријава за поплавени домови, - информираше Насковски.

Куманово ноќеска беше зафатено од пороен дожд со грмежи, но нема штети.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk