Нема пари за нови автобуски постојки

29.06.2016 10:52 | KumanovoNews

Општината Куманово нема пари да изгради нови автобуски постојки во градот.

Нема пари за нови автобуски постојки

Ова го соопшти градоначалникот Зоран Дамјановски, откако советничката на СДСМ Снежана Захариева праша кога ќе се обележат и ќе се средат местата предвидени за запирање на градските автобуси.

„Кога ќе има прописно обележување на автобуските постојки, каде луѓето треба да чекаат автобус и каде да се засолнат од временските неприлики“,- праша Захариева.

„Потребна е целосна реконструкција на постојките, а ние во моментот немаме пари за таква инвестиција. За изградба на една постојка се потребни околу 5000 евра. Тоа ќе го планираме во некои подобри времиња“,- одговори Дамјановски.

Тој потести дека во тек е обележување на улиците и хоризанталнита сигнализација, со која ќе биде опфатено и исцртување на местата за запирање на автобусите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk