Нема пари за пикник на Студена вода

30.04.2013 07:39 | KumanovoNews

 Од невладините организации кои го организираат Првомајски пикник на Студена вода, информираат дека оваа година нема да има културно - уметничка програма и бесплатен превоз, поради недостиг на финансии.

Нема пари за пикник на Студена вода

Ги повикуваме граѓаните да отидат самоиницијативно на Студена вода, тоа да си остане традиција, да се собира народ. Тие ќе излезат во природа, ќе си го разубават денот. Ние како невладини дадовме иницијатива, но за тоа требаат пари. Планиравме да има музика, културно - уметничко друштво, озвучување, но оваа година нема пари за тоа да се организира - вели Киро Соларски, секретар во здружение “Коледари“.

Тој потенцира дека традицијата на Студена вода се оди на излет датира уште од Втората светска војна.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk