Нема предвремени избори

09.12.2010 08:14 | KumanovoNews

 Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ доцна синоќа одлучил да не го прифати предлогот на опозицијата за предвремени парламентарни избори.

Нема предвремени избори

 Како што истакнуваат од партијата  во моментот не постојат никакви објективни причини и оправданост за прекинување на доверениот четиригодишен мандат од страна на граѓаните за остварување на ветените проекти во програмата.

За ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо само поради едно блефирање и покерашкиот пристап во политиката на Бранко Црвенковски целосно да ја дефокусираме енергијата насочена кон спроведувањето на ветената четиригодишна програма, борбата против криминалот и корупцијата, справувањето со последиците од светската економска криза, напорите за реализација на евроатланските аспирации и напорите за остварувањето на сите останати државни и национални интереси, се наведува во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk