Нема пресуда за смртта на Петар Милошевски

18.03.2016 09:50 | KumanovoNews

 И по две години од сообраќајната несреќа во која загина голманот и директор на македонската фудбалска репрезентација Петар Милошевски, во Основниот суд Куманово сеуште не е завршен судскиот процес.

Нема пресуда за смртта на Петар Милошевски

Од Судот велат дека судењето е во тек. Од јули минатата година до сега одржани се 6 рочишта на кои се сослушани возачот и двајца од оштетените кои биле во колата, како и сопругата на Милошевски. Стручно мислење дале и вешти лица од Техничкиот факултет од Скопје. Пред Судот единствено нема дадено исказ обвинетиот Живко Бoјковски, кој го негирал делото.

Познатиот голман Петар Милошевски (41) го загуби животот на 13.03.2014 година во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка. Во 23.15 минути враќајки се со службеното пежо на ФФМ, кое го управувал Илчо Ѓеоргиевски(45) од Скопје, се судрило со џип „Јаз„ кој го управувал Живко Бојковски(64) од Куманово. Возилото во кое Милошевски бил совозач, излетало од коловозот и се превртело. Од задобиените повреди Милошевски починал на самото место.

Веднаш по сообраќајката со комби наишле неговите соиграчи Саша Кириќ. Ѓоко Хаџиевски и други, кои критичната вечер со Милошевски  учествувале на хуманитарен фудбалски натпревар во Спортската сала Куманово.

Судењето за случајот Милошевски започна со задоцнување од една година, бидејќи долго се чекаше на сообраќајно-техничкото вештачење на автомобилот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk