Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ќе нема продолжение на седницата на Советот на општина Куманово наменета за советнички прашања, која минатата недела беше прекината, откако советниците на опозицијата ја напуштија салата.
Претседателот на Советот, Максим Димитриевски објаснува дека не се работело за прекинување на седницата, туку дека никој од советниците не се јавил за да постави прашање, откако советниците од Коалицијата за подобра Македонија си заминаа.
“Имавме кворум за работа, но никој не се јави за да постави прашање, освен мене, но и јас се повлеков. Со заклучување, односно исцрпување на точките од дневниот ред заврши седницата. Следната редовна седница ќе биде на 11 март, а бидејќи секој квартал имаме седница за советнички прашања, до јуни најверојатно повторно ќе имаме седница за советнички прашања“ - вели Димитриевски.
Советниците на последната седница испуштија можност да поставуваат советнички прашања на локалната администрација, откако се направи збрка околу гласањето на неколку точки. На седницата на советнички прашања обично нема други точки на дневен ред. Овојпат праксата беше прекршена, а граѓаните и советниците останаа без кварталниот очет од локалната власт.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk