Нема штета од невремето, поплавен еден подрум и повеќе улици

14.05.2019 20:48 | KumanovoNews

 Невремето кое вчера попладнево го зафати Куманово не предизвика матерјална штета на имотите на граѓаните и на јавните институции.

Нема штета од невремето, поплавен еден подрум и повеќе улици

Од Регионаланиот центар за управување со кризи, информираат дека кај нив нема ниту една пријава за штета предизвикана од невремето. Пријавено било само едно поплавување на подрум на ул. Здравко Радичевиќ, во населбата „Перо Чичо“, во куќа која се наоѓала под нивотот на улицата. Веднаш било известено ЈП „Водовод“ кое излегло на терен и интервенирало.

 Од поројниот дожд поради големиот прилив на вода, а малата пропустна моќ на шахтите на атмосферската канализација, поплавени се повеќе улици, како „Октомвриска револуција“,  раскрсницата на улиците „Карадачки одреди“ и „Веселин Вуевски“ во населбата Бараки и други,  па било отежнато движењето со возилата.

Откако се повлекла водата екипите на  ЈП „Чистота и зеленило“ и „Водовод“ , излегле на терен и ги расчистиле главните сообраќајници од последиците на невремето.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk