Нема трагa од исчезнатото дете

30.03.2010 09:25 | KumanovoNews

 Сеуште нема  трага од  Дани Мемеди, кој во саботата исчезна од пред куќата во населбата Средорек.  Полицијата  го пребарува теренот, откако семејството пријавило дека детето најверојатно се  удавило во надојдените води на реката Кумановка.

Нема трагa од исчезнатото дете

 Таткото е незадоволен од потрагата и смета дека е недозволиво три дена по исчезнувањето во потрагата сеуште да не се вклучат специјалните нуркачки екипи.

Од полицијата велат дека испраќањето на екипите зависи од одлуката на Одделот за потрега во МВР.

Шпекулациите дека постои можност детето да е киднапирано, семејството Мемеди ги отфрла и бара од надлежните институции да ја интензивираат потрагата и за случајот да се извести Интерпол.

 Четириполгодишниот Дани исчезна во саботата навечер исчезнал, откако се играл со инвалидска количка на бабаму во дворот на куќата.Семејството претпостваува дека паднал во надојдените води на реката.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk