Нема тужби за мобинг на работното место

18.01.2010 09:59 | KumanovoNews

 До првото македонско мобинг здружение, кое функционира во рамки на Регионалниот синдикален совет, работниците од Кумановско досега не поднеле ниту една тужба за психичко насилство на работното место или т.н. мобинг.


Нема тужби за мобинг на работното место

Од здружението информираат дека постојано добиваат поплаки за психолошки притисок на работното место, но работниците немаат храброст да ги тужат моберите.

- Прва причина поради која работниците не се осмелуваат да започнат постапка е стравот да не  ја изгубат работата, а втора е недонесениот Закон за мобинг. Само со Закон со кој работодавецот ќе ја сноси одговорноста за своите постапки и однесување, без разлика дали е мобер или не, работниците ќе можат полесно да ја утврдат постапката на суд, смета Гордана Бошковска, правник во Регионалниот синдикат.

Според Бошковска, најчесто мобери се оние лица кои неквалитетно ги извршуваат работните задачи и преку малтретирањето на своите подредени сакаат да ја сокријат својата неспособност.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk