Нема завеани села во Старо Нагоричане и Липково

11.12.2012 11:04 | KumanovoNews

 Во Липково и Старо Нагоричане навеани се 15 сантиметри, а во Куманово снежната обвивка достигна 8 сантиметри.

Нема завеани села во Старо Нагоричане и Липково

Од Регионалниот центар за управување со кризи велат дека сообраќајот се одвива отежнато, но нема поголеми проблеми на патиштата.

- Сите асфалтирани патишта се чисти, но земјените патишта и оние со макадам нема да се чистат додека паѓа снегот. Дефекти на водоводната мрежа нема, а синоќа од 9.30 часот има прекини со дистрибуција на електрична енергија поради дефект на далноводот од Којнаре кон Речица. Тоа е десет киловатен далновод и денеска дефектот ќе биде отстранет. Утре ќе имаме повеќе информација дали има завеани села - вели Горан Стојановски од Центарот за управување со кризи.

Превозот функционира нормално по локалните и регионалните патни правци.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk