Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Компанијата “Пин Петрол” ги демантира, и се оградуваме од наводите за било каква поврзаност со осомничената службеничка Г.К, по кривичната пријава за злоупотреба и проневера во службата од финансиската полиција за проневера на речиси 22 милиона денари.
„Ние како компанија немаме никаква сопственичка, правна и роднинска поврзаност со осомничената. Ние како правно лице имаме склучено договор со АД Пошта Македонија (подружница Пин Петрол) за кое осомниченото лице Г.К. има работено. Како компанија најостро ги осудуваме ваквите наслови на некои медиуми и за било какви информации во врска со осомничената одговорите треба да ги барате во АД Пошта Македонија. Сета документација во врска со нашето правно лице се доставени до надлежните органи, за кои имаме одговор дека немаме никаква поврзаност со овој настан“, велат во соопштението од компанијата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk