Ненад Стојановски е именуван за в.д. директор на „Чистота и зеленило“

21.05.2024 09:55 | Оливера Пешевска

Ненад Стојановски е нов в.д. директор на ЈП „Чистота и зеленило“ во Куманово. Тој е дипломиран економист, а во изминатите 5,5 години беше раководител на Секторот за даноци во Општина Куманово.

Ненад Стојановски е именуван за в.д. директор на „Чистота и зеленило“

Стојановски доаѓа на местото на Даниел Стојчевски, кој на парламентарните избори освои пратенички мандат во Собранието на  Македонија.  На листата на пратеници на ЗНАМ на третото место беше и Стојановски, но партијата не успеја да добие доволно гласови за да и тој стане пратеник.

На новата функција в.д. директорот ќе стапи од утре, по што ќе изврши увид во она што е сработено, што бара итно внимание, но и какви се предвидените активности од програмата за работа.

„Ќе продолжам со реализација на актуелната програма на претпријатието, но ќе обрнам внимание дали има простор и можности за подобрување во функционирањето на претпријатието. „Чистота и зеленило“ ја има една од клучните улоги во животот на граѓаните, се надевам ќе ја задржам стекнатата репутацијата, но и дополнително ќе ја унапредам работата, за Куманово да биде урбан, модерен и чист град, како што заслужува“, изјави Стојановски за Кумановоњуз.

 

 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk