Непроодни патишта и отсечени села во Которско, Козјачија и Карадак

15.02.2021 08:31 | KumanovoNews

По обилните врнежи на снег проследени со ветер и наноси, повеќе патни правци во регионот се непроодни. Станува збор за села во Кумановско, Липковско и Старо Нагоричане, соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Куманово.

 
Непроодни патишта и отсечени села во Которско, Козјачија и Карадак

„Во општина Куманово во моментот се работи на сите патни правци кон селата од Которлкот. Сите се од трета категорија, пуштени се три машини гредари и камиони за расчистување и посипување кон селата: Габреш, Колицко, Кучкарево, Новосељане, Косматац, Градиште Кшање, Кокошиње, Пезово и Кутлибек“, - велат од РЦУК.

Уште потешка е состојбата и во општина Старо Нагоричане, таму поради големите наноси на снег непрооден е региналниот патен правец Старо Нагоричане- Длабочица, а отсечени се селата Жегљане, Арбанашко, Длабочица и Дејловце.

„Локалниот патен правец Старо Нагоричане - село Стрновац е непроден. Општина Старо Нагоричане има непроодни патни правци и во селата: Алгуња, Малотино, Буковјање, Мглинце и Бајловце, со едн збор цел Козјачки планински регион“, - додаваат од РЦУК.

Во општина Липково непродони се патиштата до планинските села: Липково-Глажња, Лукаре, Гошинце, Белановце, Думановце, Извор, Рнковце, Ропајце, Руница, Стража и Стрима.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk