Нерешена приватизација и легализација ги мачи граѓаните

13.03.2015 15:36 | KumanovoNews

Постапките за приватизација на земјиште и легализација на објектите, беа најчестите прашања на кои кумановци побараа одговор од стручните служби во Управата за имотно-правни работи од Скопје, кои денеска беа во Куманово.

Нерешена приватизација и легализација ги мачи граѓаните

“Апелирам до сите баратели кои што веќе поднеле барање и кои што го немаат комплетирано, тоа да го направат што е можно побрзо за да можеме и ние да постапиме по барањето и да донесеме соодветен акт„- рече  Елизабета Божиновска, овластен потписник.

Во одделението на Управата за имотно-правни работи во Куманово во изминатите 10 години поднесени се 17.600 барања, во постапка се 5.500 барања, а останатите се решени.

“Можам да кажам дека сум задоволен од работата на оваа одделение, кое што е едно од одделенијата кои имаат поднесено поголем број на барања за приватизација„- рече директорот на Управата за имотно-правни работи, Зоран Крстаноски, на отворени денови со Управата за имотно-правни работи во Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk