Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
И денеска нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот.
Како што соопштуваат од УХМР , преку ноќтта повремени врнежи имало во поголемиот дел од земјата, а утрово пороен дожд со грмежи во централните и северните делови. Движењето на облачната маса со врнежи била кон север и таа доста брзо се извлекла кон Србија.
Во 6 часот врнежите биле во дел на скопско повеќе во централните и источните делови и кон падините на Скопска Црна Гора. Чести поројни врнежи имало и во кумановско и кон границата со скопскиот регион.
Во следните неколку часа облачноста ќе се намали и во северните делови ќе има само повремен дожд.
Нестабилност има и во југозападните делови и повремен пороен дожд во претпладневните часови ќе има и на западот од земјата.
Попладне ќе остане нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, но тие ќе се почести на југ и југозапад.
Дневната температура ќе биде во интервал од 25 до 31 степена.
Во Скопската котлина претпладне ќе има повремен пороен дожд и грмежи. Во попладневните часови и понатаму ќе има услови за нестабилно време со појава на грмежи но врнежите ќе се поретки, иако повремено ќе имаат засилен интензитет. Дневната температура ќе достигне до 29 степени.
Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk