Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денес попладне и во вечерните часови на повеќе места, времето ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.
И во делови од Скопската котлина попладне и во вечерните часови ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и град.
Утре се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи во јужните делови од земјата, особено во првата половина од денот.
Ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието.
Од утре попладне, па во наредните денови ќе преовладува стабилно и топло време.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk