Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер за престојниот викенд

09.09.2022 15:22 | KumanovoNews

Денес попладне и во наредните два дена ќе провладува поменливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. 

Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер за престојниот викенд

„Локално, особено утре (сабота ) ќе има услови за краткотрајно невреме со силни електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.  Температурите ќе бидат од 29 степени во текот на денот , до 17 степени во ноќните часови“, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

 Во недела и понеделник ќе дува засилен северозападен ветер, со што ќе дојде до мало опаѓање на температурите. УХМР препорачува во случај на појава на грмотевици и громови на зголемена внимателност,  да не се престојува на отворени простори и да не се бара засолниште под осамени дрвја.  

(О.П.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk