Нестабилно време со врнежи и грмежи не очекува денеска

17.05.2019 07:18 | KumanovoNews

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на места нестабилно со локални врнежи од дожд и грмежи. Во западните делови процесите беа поинтензивни, со пороен дожд и засилен ветер.

Нестабилно време со врнежи и грмежи не очекува денеска

Во вечерните часови атмосферата ќе се стабилизира и ќе преовладува умерено облачно време.

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмежи, локално со засилен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде помеѓу 7 и 12, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степен.

Во деновите од викендот времето ќе биде сончево и значително потопло, а од понеделник во попладневние часови повторно се очекува појава на локален дожд и грмежи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk