Невена Величковска реизбрана за организационен секретар во УМС на ВМРО-ДПМНЕ

11.09.2020 10:07 | KumanovoNews

Невена Величковска од  Куманово е реизбрана за организационен секретар во новиот извршен комитет на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ  предводена од претседателот Сергеј Попов.

Невена Величковска реизбрана за организационен секретар во УМС на ВМРО-ДПМНЕ

 Величковска вели дека реизборот за неа пред се` претставува одговорност, а потоа чест и задоволство.

„Одговорност во борбата за подобрување на статусот на младиот човек, активно и поголемо учество во носењето одлуки во општеството и политичкиот живот. Сметам дека само преку артикулирањето на гласот, желбите и потребите на младиот човек можеме да изградиме општество и држава во која младите ќе можат да останат тука, да се образуваат, развиваат и да изградат семејство, затоа што младината е иднината на секок држава“, изјави Величковска за Кумановоњус.

Невена Величковска е советник во Советот на Општина Куманово, по професија е дипломиран економист и работи во Државната изборна комисија (ДИК).

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk