Невработените да аплицираат со бизнис проекти

20.02.2015 10:54 | KumanovoNews

Невработените, кои се водат како активни баратели на работа, до 10 март можат да аплицираат за добивање на 3000 евра неповратна помош за отпочнување на бизнис во Агенцијата за вработување .

Невработените да аплицираат со бизнис проекти

“Сите кои имаат добра, реална бизнис и идеја можат да аплицираат. Ќе добијат 3000 евра неповратна помош за средување на простории, набавка на неопходни материјали за работа и отпочнување на бизнис. Оваа година новина е тоа што нема да се доделуваат средства за земјоделска дејност“ - рече Милорад Тренчевски, директор на Центар за вработување Куманово.

Во наредниот период ќе има повеќе огласи и активни мерки за намалување на невработеноста.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk