Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центар за вработување денеска се одржува обука за полесно вработување и однесување на работното место.
На обуката присуствуваат дваесетина млади луѓе на возраст до 29 години.
- Опфатени се повеќе теми, како што се личен развој, соодветно однесување на работно место, комуникациски вештини, тимска работа и лидерство, пристојна работа - пристоен живот и финансиски вештини. Сите активни баратели на работа до 29 години ќе добијат можност да се стекнат со вештини релавантни за пазарот на трудот со што ќе се олесни и забрза нивата интеграција на пазарот на трудот. Сите тие ќе добијат сертификат од Агенцијата за вработување дека ја поминале обуката - објаснува Даниела Арсовска, соработник за посредување при вработување во Центар за вработување Куманово.
Обуката се реализира со помош на УСАИД, а во Куманово ќе се обучат 180 млади невработени лица до 29 години.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk