Невреме ги уништи насадите во Кумановско и Липковско

24.07.2012 10:38 | KumanovoNews

Од синоќешните врнежи со град уништени се насади со бостан, пипер, патлиџани, лозја, пченка, тутун и житарици во повеќе села во регионот. Жителите велат дека 80 одсто од родот повеќе го нема во нивите.

Невреме ги уништи насадите во Кумановско и Липковско

Видовме облак и за 15 минути паѓаше град со големина на орев. Раноградинарските култури се најоштетени. Беше многу јако , искрши ролетни, садови пластични што беа надвор - вели жител на село Режановце.

Останатите селани велат дека оштетениот род ниту можат да го продадат, ниту за себе да го искористат. Иста е состојбата и во селата од липковско.

Имам 2,5 декари со патлиџани, има и компири. Не знам што ќе правам за штетата. Ако месната заедница не е заинтересирана не знам каде да се обратам за да ми се надомести - додава друг земјоделец.

Од Центарот за управување со кризи излегле на терен за да направат увид и велат дека општина Липково ќе формира комисија за проценка на штетите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk