Невреме и пороен дожд во Куманово, поплавени улици и куќи, штетите уште се пријавуваат

26.06.2024 22:59 | Сузана Николиќ

Силно невреме проследено со пороен дожд и грмежи попладнево го зафати Кумановско-липковскиот регион. 

Невреме и пороен дожд во Куманово, поплавени улици и куќи, штетите уште се пријавуваат

Невремето е предизвикано од интензивна нестабилна воздушна маса, проследена со интензивен пороен дожд, засилен ветер и појава на град.

„На единствениот повикувачки број за итни случаи 112, заради налетите на невремето, се добиени повеќе пријави, а и се уште се добиваат од Тетовско, Скопско и Кумановско за поплавени површини, дворови, подруми, куќи, објекти, паднати дрвја, бандери, столбови, оштетени куќи, откачени лимови, олуци, оштетени покриви, оштетени автомобили и слично“, информира ЦУК.

Пријава за поплавена куќа од неверемето има на ул.„Народна револуција“ во Куманово.

Поради големите количини на вода поплавени се улиците Трета МУБ, Октомвриска револуција, Никола Тесла и др. 

(Фото: ФБ/Ратка Пановска)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk