Невреме со дожд и силен ветер во Ранковце, предизвикана голема штета

10.07.2021 19:52 | KumanovoNews

 Oпштина Ранковце попладнево ја зафати големо невреме проследено со пороен дожд и силен ветер.

Невреме со дожд и силен ветер во Ранковце, предизвикана голема штета

Градоначалникот, Ивица Тошевски, информира дека најпогодени се селата Гиновци, Петралица и делови од Одрено.

 „Невремето траеше неполн час, но направи голема материјална штета. Бутнати се дрвја покрај патот, однесени се ќерамиди и дел од кровни конструкции, искинати се кабли за интернет, телефон и електрична енергија. Има прекини во напојувањето со електрична енергија“, вели градоначалникот Тошевски.

Територијалната противпожарна единица од Ранковце, со поддршка од приватна фирма ги отстранила паднатите дрвја. Штетите од невремето допрва ќе се утврдуваат.

(Фото: архива)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk