Невреме со пороен дожд го зафати Куманово

17.06.2019 13:25 | KumanovoNews

 Пороен дожд, проследен со електрични празнења поладнево го зафати Куманово.

Невреме со пороен дожд го зафати Куманово

 Дождот започна да паѓа околу 14.45 часот, а веќе 45 минути врне со несмален интензитет. Улиците се преплавени поради големите количини вода.

 Метеоролозите најавија дека денеска не очекува нестабилно време со локален пороен дожд.

Периодот на нестабилно време продолжува до четврток, во попладневните и вечерните часови ќе има пороен дожд, засилен ветер и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен дожд, силен ветер и појава на град.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk