Незаборавни празнични патувања со „Мар-Тео“

25.12.2015 10:01 | KumanovoNews

Туристичката агенција „Мар-Тео“, за новогодишните и божиќните празници нуди незаборавни патувања и доживувања на познати туристички дестинации.

Незаборавни празнични патувања со „Мар-Тео“

Од богатата понуда, оваа година голем интерес има за дочек на Нова година во соседните земји, но не заостануваат ни светските дестинации.

За новогодишните празници има голем интерес за пократките дестинации со дочек на плоштадите, со концерти на познати пејачи. Тоа се програмите за Белград, Златибор, Будва со посета на манастирот Острог,  Букурешт и Дворците на Трансилванија, Будимпешта, Прага и Виена. Најпродавани се СПА-центрите, каде дочекот се поврзува со одмор и релаксација. Тоа се Интерхотел-Сандански, Велинград, Стримон Хотел-Ќустендил и хотели во Банско, Бугарија. Од далечните дестинации за Нова година и Божиќ, најпродаван на наше задоволство е стандардниот програм за Дубаи и Абу Даби за 5 дневни и 7 дневни пакети. Нешто ново, а веќе има групни тргнувања во февруари и март за Бали и Ломбоко, Пукет, Занзибар и Бурма - велат од агенцијата.

Оттаму објаснуваат дека декември е месец кога може да се уплати осмомартовско патување со попуст,  а веќе има резервации за аранжмани во Дубаи, Рим, Амстердам, Копенхаген со Малме и Швајцарија.

„Мар-Тео“ можете да ги контактирате на телефоните 031 412 630 и 031 412 640 или на адреса Гарнизон, приземје 8.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk