Незадоволен од работата, го истепал работникот

01.03.2012 08:56 | KumanovoNews

 Д.Ф.(46) од Куманово го истепал работникот што му ја градел куќата затоа што не му се допаднало како ја изработил.

Незадоволен од работата, го истепал работникот

Во ноември минатата година на ул. „Мирче Ацев“, газдата не бил задоволен од изведба на градежни работи на негова куќа, што ги извршил Б.С.(45) од Куманово, поради што физички го нападнал удирајќи го по главата. При тоа му нанел тешка телесна повреда. СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Ф. за сторено кривично дело тешка телесна повреда.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk