Незаконски ископувал песок во Клечовце

25.10.2014 13:41 | KumanovoNews

Работник со багер незаконски ископувал песок од речното корито на Пчиња во село Клечовце.

Незаконски ископувал песок во Клечовце

Б.Ј.(51) од Крива Палака во текот на месецов во попладневните часови ископувал песок кај железничкиот мост на реката Пчиња и го товарал во два камиони сопственост на фирмата “Анра-Центрум“ од тетовското село Мала Речица. По направени проверки утврдено е дека фирмата нема согласност за ископување на песок, туку како подизведувач е ангажирана од Х.Ф. ВИБЕ ГмбХ & Ко.КГ-Подружница во Р.Македонија да работи на Железнички мост. Тие требало да изѕидаат бетонски брегови за да се изврши пренасочување на водата од речното корито кон столбовите на мостот. Одземени се багерот и камионите, поради незаконско ископување на песок и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk