Незаконското фрлање на отпад пријавете го на 195

23.09.2013 14:28 | KumanovoNews

 Од Регионалниот центар за управување со кризи апелираат до граѓаните да пријават неорганизирано и незаконско фрлање на отпад во нивната заедница.

Незаконското фрлање на отпад пријавете го на 195

Тоа можат да го сторат на бесплатниот телефондски број 195, кој функционира постојано и на него можат да пријават жителите на општините Куманово, Кратово, Крива Паланка, Ранковце, Липково и Старо Нагоричане.

Во оваа прилика посебно укажуваме на опасноста што може да ја предизвика секое незаконско фрлање отпад покрај речните корита и каналите за наводнување во предстојниот дождлив период. Како резултат на истото доаѓа до стеснување на коритата на водотеците, а со тоа се зголемува веројатноста од неконтролирано излевање на водите и нанесување несакани штетни последици на посевите, инфраструктурата и останатите материјални добра - вели Ѓоко Стефановски од РЦУК.

Центарот за управување со кризи заедно со Министерството за животна средина и асоцијацијата „Ајде Македонија“ се вклучува во проектот “Македонија без отпад 2013“ кој предвидува акција за масовно чистење на 5 октомври.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk