Независниот полициски синдикат го осуди нападот на полицаецот

20.12.2017 19:21 | KumanovoNews

Независниот синдикат на полицијата, огранок Куманово, најостро го осудува синоќешниот напад на нивниот колега на протестот на граничниот премин Табановце.

Независниот полициски синдикат го осуди нападот на полицаецот

„Претседателот и членовите на НСП Куманово, најостро го осудуваат вчерашниот немил настан, нападот на нашиот колега, кој професионално ја извршуваше службената должност. Повикуваме на смиреност и почит кон полициските службеници, кои се на должност и постапуваат онака како налага Законот. На колегата му посакуваме побрзо закрепнување и враќање на работа“ - изјави Драган Недељковски, претседател на НСП Куманово.

 Полицаец од СВР Куманово синоќа беше повреден и се здобил со повреди на лицето и окото, откако го нападнал еден од учесниците на протестот на ВМРО-ДПМНЕ на граничниот премин Табановце.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk