Ни трага ни глас од исчезнатата кумановка

07.09.2016 08:19 | KumanovoNews

Повеќе од десет дена полицијата и семејството трагаат по Душанка Митровска (71), која минатата сабота исчезна од нејзиниот дом на улицата "Тоде Думба" во Куманово.

Ни трага ни глас од исчезнатата кумановка

Роднини велат дека последна информација која ја добиле од граѓаните е дека во неделата жената била видена во близина на училиштето "Бајрам Шабани" и Зелениот пазар во Куманово, и од минатиот понеделник немаат никаков абер.

"Постојано ја бараме ние и полицијата со службени кучиња. Ги пребаравме сите улици, дворови и влезови на згради во градот, како и околината на Куманово. Никаде ни трага ни глас. Се надеваме дека е жива и можеби се засолнила во некое семејство, па тоа не знае да ја пријави. Сите варијанти се во опција, на сè сме подготвени", вели нејзината ќерка.

Душанка е пензионерка која имала здравствени проблеми, но порано никаде не излегувала ноќе без придружба. Критичната вечер останала сама дома и се оддалечила во непознат правец. Соседите ја видел околу 22 часот како се движи по улицата на која живее, и оттогаш и се губи секаква трага. Облечена е во сина пижама и, најверојатно, во виолетова блуза. Има кратка костенлива коса и е со средна висина.

Семејството ги повикува сите граѓани, не само од Куманово, доколку ја видат, да пријават во најблиската полициска станица.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk